ВИДЕО: Патеката во Карпош 4 со вирови, кал, дупки при најмал дожд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Screenshot-2021-10-10-at-15.00.06

Пропаднати бекатон плочки, големи вирови, купишта кал. Вака изгледа патеката во Карпош 4 на булеварот Партизанска и при најмал дожд. Жителите се револтирани бидејќи овој проблем не се решава, а е во надлежност на Град Скопје. Според нив, ова се случува откако пред една година, Градот Скопје ги вадел бекатонките, а потоа, истите биле вратени по неколку месеци, но не соодветно наместени. До сега, Град Скопје неколку пати има интервенирано за поправка на бекатон плочките, бидејќи претходно се отвораа и големи дупки кои стоеа и по неколку недели.

— реклама —

— реклама —
A51hdifre2c
— реклама —

Зелените садници на булеварот Партизански одреди во Карпош 4, делот кој се протега од „Сити мол“ до ТЦ „Антико“ се отстранети. Ова доаѓа откако претходно, дел од тревата беше целосно исушена. Жителите на овој дел од Скопје постојано реагираа поради тоа што садниците се уништуваа, а освен кратење на тревата, не се преземаше ништо за тоа да се спречи. Во овој дел на Карпош, во садниците, има и систем за наводнување кој е целосно уништен. По отстранувњето на тревата, се гледа како дел од цевките се искинати и не функционираат. Жителите велат дека работниците веќе им најавиле дека веројатно овде повторно ќе има садници со трева, иако, засега на терен не се работи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања