Патниот правец од Гостивар до Маврово е вистинско лизгалиште. Излизгани автомобили од страните на патот. Возачите револтирано велат дека и покрај тоа што врнежите од снег беа најавени, сепак ниту една машина на поминала и не го посипала патот со сол и песок. Тие стравуваат дека ќе биде полошо кога тенкиот слој снег ќе замрзне попладне.
Инаку од утрово поради врнежи од снег на патниот правец Кичево-Охрид, преку планинскиот премин Пресека, од 9.30 часот е воведена задолжителна употреба на зимска опрема за тешките товарни возила.
Од 10.15 часот поради интензивни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово-Дебар, соошти АМСМ.
