Промени тема
Контакт

(Видео) Пецаков: Со чесна и транспарентна работа, промените во Охрид се гледаат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

„Охрид, со својата историја, култура, природни убавини и туристички потецијали е многу значаен центар на Македонија и затоа заслужува да сјае како вистински бисер на развојот, во секоја сфера од живеењето“, кажа Кирил Пецаков, градоначалник на општина Охрид.

„Со големо задоволство, можам да кажам дека како посветена локална власт, во изминатите три години гордо чекориме по зацртаниот пат за напредок и обезбедување подобри услови во сите урбани и рурални средини.

Од десетте приоритетни проекти кои ги ветивме на почетокот на мандатот, девет проекти се финализирани или се во напредна фаза на реализација. Ова претставува исклучителен успех кој ја потврдува мојата доследност и големата ангажираност на тимот со кој работам.

— реклама —

Како прво и најважно, би сакал да потсетам дека Општина Охрид беше најзадолжена општина во државата, но со голем труд и финансиска дисциплина, успеавме да го завршиме процесот на раздолжување и да ја одблокираме сметката. Сега општината може да гради буџет на здрава основа и е подготвена за капитални инвестиции, големи проекти и користење на средствата од меѓународни фондови.

Реализиравме низа проекти за изградба и реконструкција на комуналната и сообраќајната инфраструктура. Дваесетина градски улици и голем број локални патишта добија нова функционалност, симболизирајќи ја обновата на Охрид како урбана и модерна заедница. Современ лик добија улиците „Македонски Просветители“ и „7-ми Ноември, а улицата „Гоце Делчев“ е во завршна фаза од реконструкцијата. Поставивме асфалт на педесетина локации во сите рурални средини, изградивме потпорни ѕидови, поставивме нови водоводни линии и системи за отпадни води. Го ставивме под контрола урбанистичкото планирање и завршивме илјадници предмети за легализација кои беа заглавени со години.

— реклама —

Особено внимание посветивме на образовните институции, знаејќи дека се тие камен-темелник за иднината. Тука се голем број проекти за реконструкција на објектите од средното образование, економското училиште и гимназијата, каде што се инвестирани значителни средства. Исто така, го решивме проблемот со ООУ „Кочо Рацин“ кое наскоро ќе биде дислоцирано во нови современи простории во Охридската касарна. Градиме нова спортска сала во ООУ „Ванчо Николески“ во Лескоец и извршивме комплетна реконструкција на ООУ „Свети Наум Охридски“ во Пештани.

Во насока на обезбедување на подобри услови за спортскиот развој на децата, изградивме нови спортски и детски игралишта и комплетно ги реконструиравме постоечките. Отворањето на првиот Младински центар во Охрид ја покажува вистинската грижа која ја имаме за младите. Со овој проект нашата општина стана лидер и пример за креирање на младински политики во Македонија.

— реклама —

Бевме исклучително посветени на културната дејност и развојот на спортот и поддржавме низа важни манифестации и настани. Тука би сакал да ги издвојам Фестивалот на вино, Ohrid Water Festival и Охридскиот џез фестивал, како нови содржини кои ја збогатија туристичката понуда на Охрид, надвор од шпицот на летната сезона.

Со знаење, чесна и транспарентна работа, промените, проектите и победите јасно се гледаат во Охрид. Изразувам длабока благодарност на сите граѓани за довербата, соработката и за поддршката која секојдневно ни ја даваат. Пред нас стојат нови предизвици и со заеднички сили, продолжуваме да работиме за подобра иднина на Охрид, за нашите семејства и за сите генерации што доаѓаат“, изјави Кирил Пецаков, градоначалник на општина Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library07sf0l2mrl9tb6DVj0Q

Џез под „Света Софија“: Почна четвртото издание на фестивалот во Охрид

Охрид | пред 3 дена

media-library4qk1s4mpve60eZClkmk

Четири вечери, различни музички изрази: Охрид џез фестивал од 27 до 30 август

ОО | пред 4 дена

media-libraryos1hb68q4st10IQTc3b

Стартуваше 39. Охридски пливачки маратон, Пецаков: „Мирни води на сите пливачи“

Охрид | пред 1 седмица

media-libraryvuq2j0pptvmn8gtL1YY

Млади литературни творци од четири балкански земји се собраа во Охрид

ОО | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања