Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ВИДЕО: Пендаровски доби закана од Џамбаски дека ќе биде убиен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
pendarovski-nato

Бугарскиот европратеник Александар Џамбаски, во изјава за бугарска Нова, коментирајќи ја изјавата на претседателот Стево Пендаровски дека ќе ѝ предложи на Владата европратеникот Џамбаски да биде прогласен за персона нон грата, индиректно му се закани со атентат, потсетувајќи на атентатот на српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ.

— реклама —

На прашање на новинарот на Нова дали се препознава во изјавата „на еден европратеник од Бугарија ќе му биде забранет влез во Македонија, а ако се обиде да влезе, ќе биде прогласен за персона нон грата“, Џамбаски одговара:

— реклама —

„Што се однесува до тоа да ми биде забрането да влезам во Македонија, нека се потсети Стево Пендаровски, претседателот на Северна Македонија, познат по прекарот Стево Коминтерната, дека многу други луѓе се обиделе да им забранат влез на лидери на ВМРО во Македонија и резултатот на тоа бил да речам, последниот таков резултат се случил со југословенскиот српски крал Александар Караѓорѓевиќ. Така што, да учиме од историјата, ако се обиде да ми забрани влез во Македонија, нека ја види историјата и нека учи од неа“, вели Џамбаски.

— реклама —

Инаку, кралот Александар Караѓорѓевиќ бил убиен во атентат во Марсеј, од страна на Владо Черноземски, по наредба на ВМРО, на 9 октомври 1934 година.

На прашањето дали планирал да дојде во Скопје на 4 февруари заедно со поголема група луѓе да ја одбележат 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, Џамбаски рече дека не планирал бидејќи имал други обврски, но сега не би можел да ја одбие „ваквата љубезна покана“.

Коментирајќи ја изјавата на Пендаровски дека руската разузнавачка служба стои зад структурите во Бугарија кои вршат антидржавна кампања кон С Македонија, Џамбаски изјави: „Ако некаде треба да се бара српска, руска, коминтерновска врска, тоа е во Скопје, не во Бугарија. Македонизмот како политичка доктрина, како оружје против Бугарија, секогаш е испровоциран од Белград и Москва, никогаш од Бугарија. Во Скопје се слуша екот на задачите што им ги поставуваат Белград и Москва, а кои имаат за цел да го поделат бугарското општество, да го постават општеството во Македонија против Бугарија“.

Владата вчера на седница одлучи да ги следи препораките на Пендаровски во врска со одбележувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев, 4 февруари, но не кажа дали ќе им забрани влез на европратеник и на други бугарски државјани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања