Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

(ВИДЕО) Пендаровски: Посакувам Велигден да не потсети дека сега ни е потребна верба, храброст и трпение за да го издржиме овој тежок период

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Foto-6

Порака од претседателот Пендаровски до граѓаните по повод христијанскиот празник Велигден. Во пораката претседателот истакна:

-Денес е најголемиот христијански празник, Воскресението Христово кој во себе ја носи моќната порака дека животот секогаш победува.

Посакувам Велигден во вашите домови да донесе мир, хармонија и радост кои ќе ги споделите со најблиските.  

Оваа порака вообичаено ќе ви ја упатев по редовната служба по повод празникот на која традиционално присуствуваат голем број граѓани кои потоа се подготвуваат за заедничките мигови со своите семејства и своите најблиски.

— реклама —

Но, оваа година имаме поинаков Велигден. Поради глобалната криза предизвикана од пандемијата со која сите се соочуваме, годинава сме под товарот на заканата од коронавирусот и празникот го дочекуваме во нашите домови, во различна атмосфера и со поинакви навики и однесување.

Дел од нашите граѓани се во првите редови во справување со кризата, и дење-ноќе ги извршуваат своите работни обврски со што ни овозможуваат на повеќето од нас да останеме дома со она што ни е најпотребно за да ги сочуваме нашето здравје и нашите животи.

Почитувани,

— реклама —

Посакувам Велигден да не потсети дека сега ни е потребна верба, храброст и трпение за да го издржиме овој тежок период во справување со вирусот, а преку надминување на кризата да ја научиме најважната животна лекција за нужноста од поголема еднаквост, одговорност, солидарност и почит меѓу нас.

 

— реклама —

Нека е за многу години големиот празник, Христос воскресна!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања