Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(Видео) Пендаровски се сретна со претставници на Специјална Олимпијада на Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

— реклама —

Претседателот Стево Пендаровски ги прими претставниците на Специјална Олимпијада на Македонија кои учествуваа на Светските специјални олимписки игри коишто минатиот месец се одржаа во Берлин.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

Пендаровски им честиташе на нашите олимпијци за постигнатиот успех и петте освоени медали, од кои еден златен, два сребрени и два бронзени. На олимпијадата во Берлин, атлетичарот Агрон Хајредини во скок во далечина од место освои златен медал, а во истата дисциплина втора беше Јулијана Петровска. Во дисциплината пливање, Стефан Трпковски освои сребрен медал на 100 метри грбно, а Марио Мицковски бронзен медал на трката на 100 метри слободно. Јане Никодиновски освои бронзен медал во бадминтон.

[embed]

x9tOo9ZW9BQ[/embed]

Потенцирајќи дека нивните резултати се наша национална гордост, претседателот Пендаровски им се заблагодари за достојното меѓународно претставување на државата. Истовремено, тој изрази поддршка за активностите и ангажманот на македонската Специјална Олимпијада, којашто вреднувајќи ги спортските квалитети, придонесува за инклузија и за реализација на индивидуалните афинитети на лицата со попреченост и атипичен развој.

На Светските специјални олимписки игри во Берлин учествуваа над 7000 спортисти од 190 земји. Нашата Специјална Олимпијада настапи со 19 атлети со атипичен развој во пет дисциплини: пливање, кошарка, бадминтон, атлетика и пинг-понг.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања