Промени тема
Контакт

(Видео) Пет лица пронајдени живи по една недела во поплавена пештера во Лаос

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Настани
media-library85l9fl0cav2naCjjVCK
screenshot X

Спасувачките тимови во Лаос пронашле петмина селани живи во поплавена пештера, една недела откако останале заробени поради обилни дождови и одрони.

Двајца мажи кои биле со нив сè уште се водат како исчезнати, соопштиле спасувачките тимови од Лаос и Тајланд кои учествуваат во операцијата.

Седумчлената група од централната провинција Ксајсомбун минатата среда влегла во пештерата во потрага по злато и диви животни, но невремето го блокирало излезот.

— реклама —

Според информациите, пештерскиот систем се протега длабоко под земја и е исклучително тесен. Спасувачите наведуваат дека некои комори се широки само околу 50 сантиметри.

Снимките што спасувачките екипи ги споделија со јавноста прикажуваат нуркачи како се пробиваат низ тесни и калливи премини кои биле речиси целосно под вода.

Бункхам Луанглат од лаоската организација „Спасувачки волонтери за народот“ изјави дека потрагата по исчезнатите лица продолжува.

— реклама —

„Сè уште се тресам. Нашиот тим успеа“, рекол тој во гласовна порака.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library85l9fl0cav2naCjjVCK

Продолжува драматичната операција за извлекување на заробените во пештерата во Лаос

Свет | пред 3 месеци

media-libraryuo86u9kv41ec0ilJZ1T

(Видео) Спасувачка операција во Лаос: Петмина мажи чекаат извлекување од пештера

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања