Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Петар за наплатата на погреби: Фрлаат пари во ковчегот, а се жалат дека треба да му платат на свештеникот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 минути -

Македонија
media-libraryq8f1devre3djebFIQOb

„Колку пари ќе фрлат во сандукот на покојниот?“ Со ова прашање владиката Петар во „Претрес со Ландов“ одговори кога беше прашан зошто се наплаќа за црковен погреб.

Тој го нарече суеверие оставањето пари во ковчегот и рече дека дел од луѓето што се жалат на надоместокот за свештеникот се подготвени да потрошат пари за тој обичај.

„За суеверие ќе дадат луѓето, ама за свештеникот...“, рече владиката Петар. Во разговорот се спомна дека во ковчегот се остава и злато. „И злато и сè, и прстени, сè. Ама за свештеникот не. А свештеникот од тоа живее“, додаде владиката.

— реклама —

Тој рече дека свештеникот во ист ден може да служи на венчавка или крштевка, а веднаш потоа да биде повикан на погреб.

„Кажете ми колку пари чини тоа сега да се радуваш, за после да плачеш со тие што плачат“, праша Петар.

Според него, парите од обредите се делат. „Тие пари не се сите само за свештеникот. Тие се и за црквата и за вработените таму“, рече тој.

— реклама —

Петар додаде дека во својата епархија им кажал на свештениците да не наплаќаат кога семејството нема основни средства за погреб.

„Имате ли сиромашен верник што нема основни средства за погребот, не смеете да му земете пари“, рече владиката.

Според него, има семејства на кои им е тешко да кажат дека немаат доволно пари да го погребаат блискиот.

Прашањето за погребите следуваше по разговорот за ценовникот за црковно венчавање. Кога беше прашан дали верниците можат сами да одлучат колку ќе дадат, Петар потврди дека има ценовник и го спореди надоместокот за свештеникот со другите свадбени трошоци.

— реклама —

„Колку ќе потрошат пари за вино, за пиво, за пијанчење, за свирачите?“, праша тој.

Раскажа и дека претставници на црковна општина од Кочанско се пожалиле оти свештеникот наплаќал според тарифата. Владиката кај кого се пожалиле, според Петар, ги прашал колку им плаќаат на музичарите на свадбите.

Во овој дел од разговорот Петар не наведе конкретна цена за погреб или за венчавка. За редовните прилози, пак, рече дека храмовите најчесто ги посетуваат луѓе со помали приходи, кои оставаат и ситни пари.

— реклама —

„Црквите наши, храмовите, живеат од сиромасите“, рече владиката.

Погледнете го целиот разговор во „Претрес со Ландов“ за да слушнете како владиката Петар ги брани црковните тарифи, политиката во Црквата, неговите судири и за што ги напаѓа браќата од Сидонот:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryh12ohl8j9blv2HtgtQe

(Видео) За три месеци ѝ починале двата сина – владиката Петар: На мајката и реков дека е најлошата оти тргна да се самоубие и се свести

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryb6uqr7o7itacaSHVZxW

(Видео) Владиката Петар: Жените и мажите се еднакви пред Господа, единствена причина за црковен развод е неверството

Студио | пред 17 часа

media-libraryq8f1devre3djebFIQOb

(Видео) Владиката Петар открива детали за пропаднатата средба со Вартоломеј: „Нема ништо од тоа, сето тоа е манипулација“

Студио | пред 17 часа

media-libraryh12ohl8j9blv2HtgtQe

(Видео) Владиката Петар за бркањето на верникот од црквата: Тој е неурамнотежена личност, дојде исклучиво за да провоцира

Студио | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања