„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Петгодишно девојче 4 дена поминало во планина полна со мечки и друга дивина без храна и вода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
zarina

Петгодишно девојче од Русија е спасено откако поминала четири дена изгубена во шумата. Зарина Авгоњина исчезнала во руската тајга кога тргнала по баба ѝ, која заминала да собира печурки.

— реклама —

Спасувачите стравувале дека Зарина се удавила, бидејќи шумите во подрачјето Нижни Новогород имаат длабоки провалии и брзи реки. Иако кучињата не можеле да го намирисаат девојчето, спасувачите имале среќа да ги забележат нејзините траги на земјата.

На едно место нејзините трагови биле пресечени со мечкини стапала, па спасувачите се загрижиле дека можеби мечка го нападнала девојчето.

— реклама —

Организирана била и масовна потрага по девојчето, а понесени биле и жени бидејќи како што кажале членовите на нејзиното семејство - таа се срами од мажи. Четвртата вечер од потрагата спасувачите успеале да ги испратат нејзините трагови и набрзо го здогледале исплашеното девојче меѓу многу гранки. Зарина била исцрпена и дехидрирана, па веднаш ја изела храната која спасувачкиот тим ја носел со себе.

Зарина била пронајдена на околу еден километар од нејзиното село Степановка. Од селото со хеликоптер била директно пренесена во болница.

„Наредивме сите да замолчат и ја замоливме Светлана, девојката која беше со нас да ја повика Зарина. Светлана ја повика, а Зарина одговори „тука сум“. Тргнавме кон гласот. Кога се приближивме видовме дека стои босонога на гранки и трепери како лист. била изгубена полна со модринки. Маицата ѝ беше мокра. Ја прашав дали се плаши, а таа рече не. Веднаш ја прашав што ѝ треба, а таа рече малку колач и малку вода“, рекол волонтерот Алексеј Марков, еден од спасувачите.

 

C2ZXFfIiOGQ

ha6ktleuGp4

_X7BhW81a-k

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања