Промени тема
Контакт

(Видео) Плаошник – центар на верскиот празник во чест на Св. Климент

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Магазин
plaosnik

На 9 август (н.с.) се празнува споменот на св. Климент Охридски кој е упокоен на овој ден 916 година, а овој ден Светата православна црква го празнува и споменот на големиот исцелител свети Пантелејмон. Во очи на денот верници и годинава запазувајќи се упатија на поклон во црквата на Плаошник.

И годинава верниците имаа можност да се поклонат пред моштите на Св. Климент, по што и им се делеше памукче кое се чува за здравје и среќа.

Големиот македонски и сесловенски просветител свети Климент Охридски Чудотворец починал на денешен ден 916 година. Но бидејќи тој и за време на својот живот именденот го празнувал на 8 декември (25 ноември с.с.) на празникот на Св. свештеномаченик Климент епископ Римски, подоцна неговиот главен празник бил поместен на овој датум, а на денешен ден се празнувал заедничкиот спомен на седумтемина рамноапостолни словенски светители познати како свети Седмочисленици (св. Кирил, Методиј, Климент, Наум, Сава, Горазд и Ангелариј).

— реклама —

Св. Климент Охридски Чудотворец е најпознатиот ученик на светите браќа Кирил и Методиј, последен од нив починал и поради тоа денот на неговото упокојување бил земен за нивни заеднички празник.

— реклама —

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 17 часа

— реклама —
media-library5fo4kjgphv4q1vD8iu1

(Видео) Охридската чаршија во ритамот на Здравко Чолиќ: Расположен охриѓанец го украде вниманието со својот танц

Вирално | пред 3 дена

IMG_4187

Скопјанец исчезнал на плажа во Охрид, на брегот му се најдени алиштата и телефонот

Македонија | пред 5 дена

media-librarypti1dbos44h6dXazp7a

Утре вежбовно гаѓање со боева муниција на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид

Охрид | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања