Краткотрајниот но интензивен дожд направи проблеми низ дел од скопските улици. Освен калот и вировите, во Козле, по дождот има и „водопади“. Водата насобрана од дождот се прелива преку потпорните ѕидови на улицата каде минува автобуската линија 57.
Проблеми имало и кај подвозниците, каде секогаш, при поројни дождови, се собира вода која им прави проблем на возачите но и на сообраќајот.