ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) По посетата на Бучковски на Софија, Бугарија останува на барањата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
buckovski

Специјалниот претставник на македонската влада за разговори со Бугарија, Владо Бучковски, вели дека Македонија е подготвена целосно да го имплементира Договорот за добрососедство, по денешната средба со бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, во Софија.

— реклама —

Бучковски истакна дека државата е решена да го спроведе Договорот за пријателство и соработка, што премиерите на двете земји, Бојко Борисов и Зоран Заев, го потпишаа на 1 август 2017 година.

„Изразувам мое лично задоволство што пријателска Бугарија го смета моето назначување за специјален претставник на македонската влада како дополнителен напор од наша страна да ја вратиме изгубената доверба. Се согласивме дека претстојниот период е подобро е да се фалиме со дела, а не со празни разговори. Убеден сум дека ја уверивме министерката Захариева и нејзиниот тим дека сме подготвени да го имплементираме договорот за пријателство и соработка. Бараме инструменти, ако тоа е патната карта, верувам дека тоа ќе може да биде алатка каде што ќе ги мериме достигнувањата во периодот што претстои. Признаваме дека е нарушена довербата.“, рече Бучковски.

— реклама —

„Ниту јас, ниту г-ѓа Захариева не можеме да ја смениме историјата. Но, можеме да ги промениме работите во смисла на инфраструктура, заеднички капитални проекти, посилна соработка во науката и образованието, посилна соработка во културата и да работиме за приближување на двата народа“, рече Бучковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања