Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) По реакциите на Левица, МВР со објаснување: МВР: Куцуловски приведен поради палестинско знаме, ќе одговара за прекршок

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryfd5ds3ec48gnbucnUfF

Министерството за внатрешни работи со официјални детали за приведувањето на Андреј Куцуловски на ракометниот натпревар меѓу Македонија и Израел во СЦ „Јане Сандански“, потврдувајќи дека станува збор за прекршок.

— реклама —

„Денеска (28.04.2026) во 17:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во СЦ „Јане Сандански“, каде се одржувал финалниот натпревар од Светско училишно првенство во ракомет помеѓу Р.С.Македонија и Израел, А.К.(28) истакнал знаме од Палестина. Лицето е приведено во Полициска станица за сторен прекршок по член 3 од Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информираат од МВР.

Претходно, од Левица соопштија дека нивниот член бил оттурнат и приведен без образложение, обвинувајќи за непропорционална употреба на сила и најавувајќи правна постапка.

— реклама —

Од партијата тврдеа и дека полициските службеници не се легитимирале, како и дека не било наведено конкретно дело поради кое е лишен од слобода.

— реклама —

Натпреварот, инаку, заврши со победа на македонската кадетска репрезентација, која го освои златниот медал со резултат 38-32.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb84o1iapvvk51d1I1Yi

Напади врз сопруги, деца и членови на семејството: Десет пријави за семејно насилство

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-libraryp3s5jsmgm8jg0VTruJD

Лажни пораки во име на „Безбеден град“ за казни, МВР открива како да ги препознаете

Македонија | пред 17 часа

media-librarytgu6ftghk9oa3gosXEJ

Народната банка спровела четири нивоа на проверки пред давањето согласност за преземањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка од Србија, тврди Славески

Македонија | пред 18 часа

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Шест возачи приведени за безобѕирно управување со возило, четворица немале возачка дозвола

Македонија | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања