Растопувањето на снегот низ скопските булевари, донесе нови проблеми. Дел од нив се под вода, поради затнатата градска канализација. Како што се покачуваат температурите, така и се повеќе улици се под вода.
Екипи на „Водовод и канализација“ се на терен.
Ваквите проблеми во Скопје не се невообичаени. Речиси секоја година е исто, како последица на неодржувањето на канализацијата.