По неколкумесечно натпреварување, бројни настапи и силна конкуренција, Давид Грујевски е големиот победник на сезоната на „Хајп Стар“ 2025/2026. Со својот талент, харизма и впечатливи изведби, Давид успеа да ги освои симпатиите и на жирито и на публиката, со што заслужено ја понесе победничката титула во оваа сезона на музичкото шоу.
Второ место и парична награда од 30 000 € му припадна на Емран Мусиќ од Босна и Херцеговина, трето место и награда од 20 000 € отиде на Слободанка Танева од Македонија а специјална награда од жирито во вредност од 10.000 € припадна на Сања Тодоровиќ од Македонија.