(Видео) Почина Џими Клиф — легендата на регето и авторот на безвременската „Hakuna Matata“ од „Кралот лав“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Магазин
media-libraryu1fji915bvq71QcjkDv

Џими Клиф, познатиот реге-музичар и актер, почина на 81-годишна возраст.

— реклама —

Во објавата за неговата смрт беше истакнато дека семејството, блиските пријатели, колегите уметници и сите што го придружуваа низ неговата долга кариера, остануваат благодарни за неговото творештво и наследство.

— реклама —

Клиф е најпознат по безвременските хитови „Many Rivers to Cross“ и „You Can Get It If You Really Want“, како и по официјално одобрената кавер-верзија на песната „Hakuna Matata“ од Дизниевиот филм „Кралот лав“.

— реклама —
kaOIxll4LCA

Многу негови песни подоцна ги преработија светски музички ѕвезди, меѓу кои Шер, UB40, Ени Ленокс и Medness.

Тој стекна популарност и со своите изведби на „Wild World“ на Кет Стивенс и „I Can See Clearly Now“ на Џони Неш — втората ја сними за филмот „Cool Runnings“ од 1993 година.

Клиф е добитник на две награди „Греми“ за албумите Cliff Hanger и Rebirth, а паралелно изгради успешна актерска кариера. Во 2010 година беше примен во Куќата на славните на рокенролот.

Роден како Џејмс Чемберс во 1944 година во округот Сомерсет во Сент Џејмс, на Јамајка, своето уметничко име „Џими Клиф“ го усвоил уште на 14 години, кога почнал да компонира во училиштето.

Неговата ранa песна „Hurricane Hattie“ брзо станала хит, а во 1972 година ја одигра главната улога во филмот „The Harder They Come“, кој денес се смета за едно од највлијателните остварувања во историјата на карипската кинематографија.

Зад себе ги остави сопругата и двете деца, Лилти и Акен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања