Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Почина познатиот фудбалски тренер Младен Жижовиќ, колабирал за време на натпревар во Србија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-library8u6r26053e18cefUoOA
ФБ

Босанскиот фудбалски тренер Младен Жижовиќ почина во понеделникот вечерта откако се онесвестил на клупата за време на натпревар од Суперлигата на Србија.

Според српските медиуми, тренерот на Радник Крагуевац се почувствувал лошо за време на натпреварот од 14. коло на Суперлигата против Младост во Лучани, по што починал.

— реклама —

Жижовиќ ја изгубил свеста во 22. минута од натпреварот и веднаш бил пренесен во амбуланта.
Четириесет и четиригодишниот тренер се срушил крај теренот, по што натпреварот бил прекинат за да му биде укажана медицинска помош.

Младен Жижовиќ е роден на 27 декември 1980 година во Рогатица, Босна и Херцеговина.
Во текот на својата играчка кариера настапувал за неколку клубови, меѓу кои Радник Бијељина, Рудар Угљевик, Зрински Мостар, Тирана, Борац Бања Лука и Младост Рогатица.

— реклама —

Во 2008 година одиграл четири натпревари за фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина.

Како тренер, кариерата ја започнал во Радник Бијељина (2017–2019), а потоа ги водел Зрински Мостар (2019–2020), Слобода Тузла (2021–2022) и Борац Бања Лука.

Жижовиќ пристигнал во Крагуевац на 23 октомври годинава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryo59qlu40gr063lLxtn8

Жељко Обрадовиќ замина од Партизан

Спорт | пред 4 месеци

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања