Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

(Видео) Под оваа европска метропола се крие вистински подземен град: Комплексот се градел со децении

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Магазин
media-libraryarm6ujv2i9120MEF0pK
фото: unsplash

Под Хелсинки, главниот град на Финска, се протега огромна мрежа од тунели и бункери долга повеќе од 200 километри

Овој подземен град, првично познат како Asematunneli, во вонредни ситуации може да обезбеди засолниште за дури пет милиони луѓе и опфаќа повеќе од 5000 засолништа и преку 50.000 бункери низ целиот град.

— реклама —

Комплексот се градел со децении, првенствено во текот на 1960-тите и 1970-тите години, со цел заштита на цивилното население. Иако неговата примарна намена била одбрана, денес овој простор функционира како жив подземен град отворен за секојдневна употреба.

— реклама —

Бројни засолништа се пренаменети во повеќенаменски простори за културни и спортски активности. Меѓу нив се издвојува пливачкиот комплекс Itakeskus, воедно најголемата подземна пливачка сала во Европа. Тука се и спортски арени, лизгалишта за хокеј на мраз, гаражи и трговски центри.

— реклама —

Еден од најпознатите е Кампи, дел од подземниот град кој вклучува продавници, автобуски терминал и паркинг, а пешачки тунели го поврзуваат со други трговски центри како Форум и Раутајентунелија.

Во случај на потреба, јавните бункери можат да бидат претворени во засолништа во рок од само 72 часа. Повеќето се опремени со ѕидови од армиран бетон, системи за филтрирање на воздух, залихи на вода и храна, како и кревети на спрат. Исто така имаат итно осветлување и комуникациска опрема.

Пешачката мрежа овозможува лесен пристап до засолништата во секое време. Иако некои бункери се затворени за јавноста, овој подземен свет може да се разгледа преку организирани тури. Обиколките ги организира Градскиот музеј на Хелсинки и независни водичи, кои на посетителите им ја објаснуваат историјата и функцијата на мрежата, а нудат и обиколка на рудниците Tytyri.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylgq5agnerb97fkMgqi2

80-годишен маж од Хелсинки со децении живеел во подрум без прозорци

Свет | пред 3 месеци

— реклама —
finska

Финска сериозно ја сфаќа заканата од исток

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања