По напад со беспилотни летала, избувнал пожар во складиште за нафта во Феодосија, Крим, пренесува рускиот Телеграм канал Астра.
Веста за пожарот ја потврди и Олег Криучов, помошник на шефот на Крим поставен од Русите.
„Пожар во складиште за нафта во Феодосија. Руското Министерство за вонредни ситуации работи. Нема повредени и загинати. Заменик премиерот Игор Михајленко отпатува во Феодосија“, објави тој.
Локалните жители јавуваат дека пред да избие пожарот се слушнале експлозии. Патем, нафтениот терминал во Феодосија е најголемиот на Крим во однос на капацитетот за претовар на нафтени производи. Има само два такви терминали на полуостровот, вториот е во Севастопол.