„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Полицаец шамара момче во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
policaec

Видео во кое полицаец му удира шамар на момче испратија до редакцијата на Телма загрижени граѓани кои биле сведоци на настанот.

— реклама —

Според нивното кажување инцидентот се случил вчера попладне на партизанска во Карпош 4. Најверојатно полицијата го сопрела момчето за тоа што со своето возило поминал на црвено, но по тоа еден од полицајците му удира шамар, а друг го трга на страна и вебално го напаѓа. Телма праша во внатрешната контрола, од каде потврдуваат дека видеото стигнало и до нив утрово. Се работи на препознавање на полицајците по што ќе следува и понатамошна постапка, велат од внатрешната контрола. И според нив првичниот впечаток е дека полицијата без потреба употребила сила, но сепак конечната одлука ќе следува откако ќе се разговара и со припадниците на МВР.

Инаку покрај другото тие се на терен а ниту еден од тројцата не носи ниту заштитна маска ниту ракавици и покрај мерките за задолжително носење кога не може да се држи дистанца.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања