Промени тема
Контакт

(Видео) Полицајци од границата „Деве Баир“ фатени пијани, а едниот се гони и за насилство кое е снимено во казино

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Дисциплинска постапка против 4 лица и времена мерка - отстранување од работно место за едно лице, полициски службеник во ПС за ГП Деве Баир. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка против четири лица.

— реклама —

— реклама —

Предлогот за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност, следува по претходно примено известување за поднесена кривична пријава против полициски службеник Д.П. на работно место полицаец во ПС за ГП Деве Баир за кривично дело „насилство“ и пријава за констатиран прекршок од страна на полициски службеник Н.Д. на работно место полицаец во ПС за ГП Деве Баир.

— реклама —

„Од страна на ПС ОН Куманово примена е пријава за нарушување на јавниот ред и мир во казино на подрачјето на Куманово. По преземените мерки од страна на ПС ОН Куманово констатирано е дека станува збор за лицата Д.П. и Н.Д. распоредени на работно место полицаец во ПС за ГП Деве Баир. По расчистување на настанот против полициски службеник Д.П. поднесена е кривична пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“, кај кого по приведувањето во полициска станица агресивно се однесувал кон полициските службеници и кај кого по алкотестирање е утврдено присуство на алкохол во крвта, додека против полициските службеник Н.Д. поднесено е барање за поведување прекршочна постапка бидејќи истиот во алкохолизирана состојба со викање го нарушил јавниот ред и мир. Против двете лица иницираната е постапка за утврдување дисциплинска одговорност, а додека за полицискиот службеник Д.П. задолжителна мерка – отстранување од работното место и одземање на оружје“ вели техничкиот минситер Панче Тошковски.

— реклама —

Дополнително, при преземање на мерки од страна на полициските службеници од ПС за ОН Куманово, направени се одредени пропусти во постапувањето, со тоа што тие не ги презеле неопходните потребни службени дејствија. Во таа насока доставен е предлог за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност против лицата Д.К. и Ф.М. полициски службеници во ПС за ОН Куманово.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6loi1gcli6smaHBDPRs

Сузбиена 21-члена криминална група: Претреси на 36 локации, запленети дрога, оружје, пари и возила

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

63-годишен маж ја нападнал сопругата и ѝ нанел тешки повреди

Македонија | пред 3 часа

tabanovce

Грчки државјанин приведен на Табановце со фалсификувана словенечка возачка дозвола

Македонија | пред 3 часа

media-library1lvdvc5b1dijdKUHYRS

17-годишен мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Марино

Македонија | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања