„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

ВИДЕО: Полициски час надвор, во гаражите секс, во влезовите собиранки - каде ни е свеста?!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
gaki

Граѓаните на граѓаните кои живеат во згради станаа места за водење љубов, а влезовите за собиранки на децата од маало. Скопјани се жалат дека надлежните реагираат и се справуваат со групните собирања само површно, додека пак, проблемот е поголем од тоа што изгледа. Тие стравуваат од ширењето на заразите, па велат, во услови кога сите седат дома, ходниците на зградите се полни. Тие доставија и видео материјал до „Скопје1.мк“ на кој се гледаат расфрлани отпадоци, како влажни мараници, хартија, опаковки од храна, кафе, но и чорапи и долен веш.

— реклама —

Вознемирени реагираат дека ова не е случај само сега, туку постојано, пријавувано е, но за џабе. Тврдат дека проблемот не е само кај нив, туку во сите околни згради во реонот на Карпош. Но, во услови на пандемијата со коронавирусот и спречувањето на негово ширење, ова е недозволиво, велат жителите на зградата во скопски Карпош 4. Но освен во гаражите, собиранки се прават и во влезовите на зградите во Скопје, но и на спратовите.

По воведувањето на полицискиот час, деца и цели друштва се собираат и дружат во влезовите на зградите, каде што не се жители. Станарите забележуваат дека луѓе за време на полицискиот час и пред него, се собираат и на терасите кои ги има на меѓу спратовите. Тие апелираат МВР да ги зголеми контролите и да реагира на ваквите појави.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања