„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Попоски: Вие „Разумни луѓе“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
darko-poposki-29-04-2020

Упорно избегнувате да востановите атмосфера што ќе ја развие праксата и доктрината во делот на правата и слободите. Впрочем, тоа ви е и основната обврска - Заштита на слободите и правата на човекот и на граѓанинот. Скриени зад сувопарните „бирократски формулации“ многу повеќе отколку со издржани правни квалификации, вие сте повеќе пречка отколку заштита на правата и слободите, истакна портпаролот на ГДУ, Дарко Попоски.

— реклама —

Според кој ум и разум се водевте во 2016 година, кога во рок од само три месеци донесовте две различни одлуки за една иста работа – прво дека не сте надлежни да ја разгледувате одлуката за распуштање на Собранието, а потоа се прогласивте за надлежни?

Како некои иницијативи ви „спијат“ со месеци а други „волшебно” се појавуваат на дневен ред. Како „вашата сопственост” е заштитена со Уставот, а во 2017 година ја отфрливте иницијативата за оценување на уставноста на  правилата за снабдување со топлинска енергија донесени од Регулаторната комисија за енергетика, со која беше воведена обврска граѓаните што не користат топлинска енергија да плаќаат паушален надомест. Или сопственоста на граѓаните според вашиот ум и разум  не  е заштитена со Устав како вашата сопственост?

— реклама —

Зарем не сфаќате дека на принципот „Dura Lex Sed Lex“ (и суровиот закон е закон) му истечено времето, дека покрај академското знаење кое можеби го имате, а можеби и не, треба да обрнете сериозно внимание и на елементарните етички вредности. Застрашувачко е отсуството и на двете, истакна портпаролот на ГДУ, Дарко Попоски.

 

https://www.facebook.com/GragjanskoDemokratskaUnija/videos/222861602352000/?v=222861602352000

 

фото: ГДУ

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања