„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Попова: Скопје се гуши, а Шилегов приредува хумористични стенд ап настапи за својата неработа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

Скопје веќе неколку дена по ред се наоѓа помеѓу 10 најзагадени градови во светот, а Шилегов не презема ништо за да ја подобри ситуацијата, реагираше денеска  Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Во текот на вчерашниот ден на неколку локации во Скопје измерени се енормни стапки на загаденост за овој период од годината. Мерната станица кај Ректорат измерила ниво на канцерогени ПМ 10 честички во висина од 169  µg/m3, што е три пати повеќе од дозволеното, додека мерната станица во Центар покажала ниво на загаденост од 100  µg/m3, односно два пати повеќе од дозволеното.

— реклама —
TCERkD7rPt4

Ветуваа живот, а донесоа смог, загаден воздух и зголемен број на канцерогени честички во воздухот. Најголемото предизборно ветување на Шилегов дека ќе обезбеди почист воздух не го реализира, ниту презема било што во насока на подобрување на квалитетот на воздухот. Напротив централната влада, од чии партиски редови доаѓа и Шилегов крати од Буџетот за животна средина.

Ниво на загаденост од два до три пати над дозволеното во период пред отпочнување на грејната сезона е алармантно и недозволиво. Шилегов е директен виновник за ваквата ситуација. Иако повеќе од една година е градоначалник нема преземено Шилегов од опозиција ветуваше итни мерки за справување со загаденоста на воздухот, за сега  да приредува хумористични стенд ап настапи за својата неработа, додека Скопје се гуши.

Господине Шилегов, граѓаните не ве гласаа да кажувате колку не работите и од тоа да правите хумор, бидејќи на граѓаните не им е до смеа кога со респираторни болести ги полнат болниците. Скопјани очекуваат работа, а не хумор од човекот кој според функција е градски татко. Ако не сте способни да се справите со реалните проблеми на граѓаните поднесете си оставка“, изјави таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања