(ВИДЕО) Поповиќ: Една од опциите е „Охридско лето“ да започне на 4 август

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
4natasa

Подготовките за годинашново 60. јубилејно издание на фестивалот Охридско лето започнаа веднаш по завршувањето на минатото издание, а тоа значи дека токму овој период повеќето работи се завршени, но секако се работи и на прилагодување на некои активности со оглед на новонастанатата состојба со коронавирусот, велат од дирекцијата на најголемиот фестивал во земјава, објави slobodenpecat.mk.

— реклама —

-Во постојана комуникација сме со Министерството за култура со цел да се види од кога и како би се одвивала целата манифестација. Една од опциите е да започнеме со Фестивалот на 4 август, кога традиционално се слави роденденот на „Охридско лето“, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ директорката Наташа Поповиќ.

— реклама —

Корона кризата можеби ќе го смени начинот на реализација на настаните на фестивалот.  Директорката најави дека поголем број  од концертите ќе бидат онлајн.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања