Германската канцеларка Ангела Меркел и данската премиерка Мете Фредериксен денес седеа за време на интонирањето на химните во Берлин, еден ден после најновиот случај во кој беше забележано како ѝ се тресе телото на Меркел. Денеска настанот помина во најдобар ред.
За последен пат канцеларката Меркел видливо се тресеше вчера за време на приемот и свечената церемонија за премиерот на Финска, по што јавноста во Германија повторно праша – што се случува со здравјето на Ангела Меркел?
Официјалниот одговор е дека Меркел е во добро здравје, а се тресе затоа што таа веќе има 65 години. Некои тресењето го поврзуваат со ментален замор, и оти физички таа нема проблеми.