„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

(ВИДЕО) Потрага по сопругата на норвешкиот милионер, киднаперите бараат 9 милиони евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
anne-elisabeth-falkevik-hagen-830x0

Норвешката полиција во склоп на истрагата за киднапирањето на Ел-Елисабет Фалкевик Хаген, сопругата на норвешкиот милионер, објави видеоснимки од надзорните камери на кои се гледаат неидентификувани лица.

— реклама —

На снимките се гледаат три лица како минуваат покрај канцеларијата на милионерот, која се наоѓа во близина на неговата куќа, на денот кога исчезна неговата сопруга.

— реклама —

Полицискиот истражител Томи Броске моли во полиција да се јави мажот кој се гледа на видеоснимката како поминува покрај канцеларијата, а потоа многу брзо се враќа назад. Исто така ги молат да се јави велосипедистот и другио пешак кои исто така се гледаат на снимките од надзорните камери.

„Полициајта прими повеќе од 100 дојави. Некои од нив ни се значајни, но се уште не сме ги пронашле осомничените“, рече Томи Броске.

Хаген (68) е грабната на 31. октомври минатата година. Истрага е веднаш покрената, но полицијата до сега ја спроведуваше во тајност „поради многу сериозни закани“.

Според информациите од норвешките медиуми, во куќата на двојката е пронајдена порака на која пишува дека таа ќе биде убиена доколку не плати откуп или пак ако се вмеша полицијата.

Киднаперите бараат 9 милиони евра за нејзиното ослободување, објави норвешката национална РТВ НРК и додаде дека тој износ го бара во криптовалутата монеро, вид на дигитални пари слични на биткоинот.

Богатството на сопругот Том Хаген се проценува на 174 милиони евра. Го стекнал со бизнис со недвижности и енергетика.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања