За време на долгата 9-месечна борба со леукемијата, македонската јавност редовно можеше да ја следи состојбата на Дарија, преку нејзиниот профил на Инстаграм.
Вчера малата хероина конечно ја напушти Детската клиника во Скопје. Нејзиниот постар брат Дарис ѝ помогна да се качи на скалите за да заѕвони на ѕвончето.
Претходно на инстаграм беше објавена фотографија на која таа држи лист со датумот на последната хемотерапија.