Пожар избувна вчера во стариот дел од зградата во затворот „Идризово“, по што дел од затворениците биле евакуирани од просториите, а интервенирала и противпожарната служба, пишува Независен.
Според информациите повредени нема, а првично реагирала затворската полиција која успеала да го изгасне пожарот. Пожарот избил во делот каде што се чувале ќебиња и душеци.
Полицијата дополнително ќе треба да ги утврди причините за настанатиот пожар.
tJahxko0AV0