„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Пожар во училиште во Подгорица, ученинците скокале од прозорци за да се спасат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
1779877pjimage-20190228t133041569ls

Во средно машинско училиште во Подгорица утрово избувнал пожар, во кој нема повредени, објавија регионалните медиуми.

— реклама —

На снимка објавена на инстаграм-страницата „Подгорички времеплов“ може да се види како учениците надвор скокале преку прозорците, објави сајтот cdm.me.

— реклама —
kn_LFYxIRa0

Во соопштението на противпожарната служба се наведува дека во пожарот изгорел автомобил „југо“ кој се користел за практична настава.

Исто така, изгорел и дел од инвентарот на гаражата и алат, а од чадот настанала и помала штета во блиските простории.

„Два тима беа испратени на местото на настанот, а пожарот беше ставен под контрола во 10 часот и 5 минути“, соопштиле од противпожарната служба.

Директорот на училиштето изјавил дека за времето на пожарот во просторијата имало четворица ученици и професор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања