Пожарникарите во Сибир ги гасат пожарите на вкупно 163.100 хектари, соопшти денеска службата за заштита н а шуми.
Како што се наведува, пожарникарите се борат со 78 пожари кој зафатија 110.082 хектари во регионот Иркутс и 69 пожари на 46.976 хектари.
„И покрај изјавите на руските власти, областа на пожари во Сибир не се намалува. Според сликите на сателитите, има повеќе од 4,3 милиони хектари изгорени – површина колку што е московскиот регион “, се вели во изјавата на организацијата, цитирана од Европската унија.
Во неделата, руското Министерство за одбрана објави дека интервенцијата на нивните авиони и хеликоптери што довела до „гаснење на 753 илјади хектари пожари“.
Неколку дена порано, претседателот Владимир Путин нареди армијата да се приклучи на пожарникарите.
Организациите за животна средина, како што е Гринпис, ги прогласија пожарите за „еколошка катастрофа“.