Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Правеле зграда каде што била предвидена улица, хаос со дивоградбите во Чаир, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
rabotnik-gradezen-

„Урбаната мафија не спие ниту за викенди“, вели Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје и додава:

Наместо да се бара одговорност и да се спречат сите компромитирачки дејствија во врска со 150 дивоградби во Чаир, ситуацијата добива нови размери, а мрежата на инволиврани во овој мега скандал се проширува.

Последните информации покажуваат фрапантни работи.

Катастарот за недвижнини донел решение со кое ги избришал претходно впишаните нелегални „легализации“ за над 150 дивоградби во Чаир, за кои од јавноста дознавме дека биле впишани во Катастарот врз основа на фалсификувани документи.

— реклама —

Според информации, доставени до нас од свиркачи, Катастарот донел решение за бришење на решение за впишување на објект, по барање, кое било доставено на 2.мај 2025 година, а архивирано на 25. мај 2025 година.

За да биде ситуацијата уште потрагична, општина Чаир носи документ дека на локацијата каде што е изградена зградата било предвидено изградба на улица, но и покрај тоа на тоа место се изградила зграда. Ова решение на општина Чаир потоа исчезнало во општинските лавиринти.

Прашуваме, дали во оваа спрега на урбаната мафија е инволвиран и директорот на Катастарот Иван Живковски?

Живковски претходно беше претседател на Советот на општина Кисела Вода и претседател на. Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кисела Вода.

— реклама —

Каква корист имаат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ од 150 дивоградби во Чаир?

Зошто од ВМРО-ДПМНЕ ги штитат подобните од нивниот коалициски партнер ВЛЕН?

Недозволиво е институциите да молчат и да го покриваат криминалот на урбаната мафија.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ ветуваше де-ДУИзација, само за да ја промени со ВЛЕН-изација.

СДСМ бара институционална разврска за овој мега скандал.

Како советничка група во Советот поднесовме и барање за свикување на седница на Советот на Град Скопје.

Советот има обврска за вака важно прашање да дискутира, да видиме дали и во други општини под власт на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ има вакви криминали со дивоградби. Недозволиво е членовите на Советот за вакви прашања да дознава од медиумите.

Ги повикуваме сите советници да го поддржат нашето барање. Да покажат одговорност и да ги надминат политичките игри.

Граѓаните го бараат тоа од нас, од сите членови на Советот кои со својот глас во Советот одлучуваат за нивните судбини.

?feature=shared

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarynjuh72b6minu5nPsq72

Следуваат нови поскапувања, а Мицкоски ги одбива мерките за повисоки плати, тврди СДСМ

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryrtoi1ff273luc32mRhI

(Видео) „Стив Наумов“ прокиснува по реконструкцијата од 10 милиони евра, тврди СДММ

Македонија | пред 1 ден

media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

СДСМ: Скопје без сигурен превоз, Ѓорѓиевски со дрон и билборд, автобуси од Орбан и ѓубре од Куманово

Македонија | пред 4 дена

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжува

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања