„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Пред тридневен полициски час А1 исклучи мобилни телефони, се чакаат редови за да се плати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
VIP

Пред три дневен полициски час А1 ги исклучи мобилните телефони на дел од корисниците на кои им изминал ррокот за плаќање на сметката. Во време кога дури и банките се огласија на повикот на Владата и ги одложија плаќањата на кредитите за шест месеци, мобилниот оператор А1 си стои на своето.

— реклама —

До нашата редакција пристигнаа поплаки од граѓани кои велат дека сметката ќе си ја платат но следејќи ги инструкциите на Владата не излегуваат од своите домови, барем во овој период кога е пикот на вирусот.

Се обидевме да стапиме во контакт со лицата за медиуми од А1, но сите наши обиди пропаднаа, затоа што се вклучува мобилна секретарка која кажува дека поради мерките на Владата А1 работи со намелен број на оператори и не советува за сите информации да ја користиме мобилната апликација А1.

— реклама —

Но, има и постари клиенти на овој оператор кои не знаат како се користи мобилната апликација и не знаат како да плаќаат Online., па поради ова цел викенд кога мора да останат дома тие бе бидат без никаков контакт со блиските.

Инаку само да потсетиме дека изминативе денови на радио кружеше реклама од А1  преку која советуваат колку е важно во ова време да се остане во контакт. Ова го советуваат а од друга страна исклучуваат линии.

фото: Скопје 1

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања