„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Премиерот потврди - Државата ќе го плаќа осигурувањето, доколку платите се покачат за 100 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zaev-za-JO

Министерство за труд и социјална политика подготвува предлог-закон за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата.

— реклама —

„Со предлог-законот се уредува висината, условите и начинот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување по основ на зголемување на плата. Целта е да се стимулира зголемување на платите на вработените во приватниот сектор преку финансиска поддршка за работодавачите кои ќе извршат зголемување на платата на вработените поради што се наметна потребата од законско регулирање на мерка за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување како финансиска поддршка од Буџетот на РСМ“, се вели во образложението објавено на Единствениот национален електронски регистар на прописи(ЕНЕР).

И Премиерот Зоран Заев потврди дека се подготвува план како работодавците кои ќе им ја зголемат нето-платата на работниците за 100 евра. Тој образложи дека оние кои ќе го направат тоа ќе бидат ослободени од давачките за нивните придонеси, односно дека државниот буџет ќе го финансира пензиското и здравственото осигурување.

— реклама —

„Со ребалансот на Буџетот, предвидуваме 40 милиони евра за нова економска мерка за поттикнување на растот на платите. Работодавците кои ќе ги зголемат платите на вработените до 100 евра, ќе бидат целосно ослободени од придонесите за пензиско и здравстено осигурување, државата ќе ги покрие тие трошоци за сумата за која е покачена платата. Со ова се сузбива сивата економија и давањето плати во кеш. Ова е мерка за забрзан раст на платите, но и за мотивирање на сите, особено младите луѓе, да останат во државата“, објави Заев на својот профил на Фејсбук.

https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/2429469060433717/

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања