Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(Видео) Препознаваат, но не пријавуваат: За струмичките тинејџери „булингот“ не е кул, па учеа како да го спречат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
MVI_6479.00_12_43_40.Still001

„Дете натепано во парк“, „Група тинејџери нападнале врсник“, „Родител пријавил натепан малолетник од врсници“. Вака изгледаат дел од насловите кои секојдневно можат да се сретнат во македонските медиуми. Најчесто поминуваат незабележани, бидејќи поради зачестеноста на овие случаи, јавноста ги прифаќа како нормална појава, а не како сериозен општествен проблем.

— реклама —

KdldEVV9Vdo
— реклама —

Ова се дел од причините поради кои се организираше работилницата „Биди кул-кажи му не на врсничкото насилство“ во Струмица. Преку вклучувањето на учениците во вакви активности, организаторите сакаат да ги поттикнат младите да препознаат, превенираат и спречат вакви појави меѓу врсниците. Десетина ученици од струмичките училишта седнаа на „жешкото столче на насилството“. Преку оваа вежба, почувствуваа како е да се биде, и жртва и насилник. Од Организацијата на жени од Струмица (ОЖС), кои ја реализираа работилницата „Биди кул – кажи му НЕ на врсничкото насилство“, потенцираат дека е важно низ примери да им се покаже на младите дека насилството остава огромни последици и трауми врз оние кои го доживеле.

Ова е само еден од низата настани преку кои ќе се едуцираат младите генерации за спречување врсничко насилство. Ленче Христова од ОЖС вели дека од разговорите со младите луѓе може да се заклучи дека тие имаат потреба од охрабрување и континуирана едукација за оваа негативна појава.

„Преку нашите активности сакаме да го спречиме односно намалиме врсничкото насилство, познато кај младите како ‘булинг’. Од разговорите со младите, осознаваме дека речиси секој во текот на тинејџерските години бил сведок или мета на ваков вид насилство. Со работилниците целиме кон тоа да ги поттикнеме токму децата да реагираат, да пријават, а најважно од се, да препознаат ‘булинг’. Има случаи кога навредливите зборови кои се употребуваат кон конкретен ученик, младите воопшто не препознаваат и  сфаќаат како ‘булинг’. Преку вакви активности сакаме да придонесеме ваквите ставови и сфаќања да се менуваат. Свесни сме дека е потребно време и континуирана едукација за посакуваните промени, но се надеваме дека  ќе ги поттикнеме и младите, но и институциите и родителите, да почнат посериозно да размислуваат на оваа тем, за да можеме сите заедно да влијаеме за спречување на насилството во училиштата“, вели Христова и додава дека мора да се гради клима на доверба меѓу сите засегнати страни.

Учесниците во работилницата сведочеа дека често забележуваат врсничко насилство околу себе. Апелираат и до врсниците, но и до надлежните да преземат посериозни чекори за сузбивање на насилството меѓу учениците.

„Мене ми се нема случено булинг, но на неколку деца од моето училиште им се има случено тоа. Имам интервенирано, му имам кажано ‘стоп’ на тој што покажува предрасуди, бидејќи тоа не е во ред. Се здружувам со булираното другарче, му помагам и не дозволувам никаков булинг да му се случи. Јас мислам дека треба да им се каже дека тоа не е во ред. Ако се повторува, да се реагира кај психолог или наставник во училиштето“, рече ученичката Драгана Иванова, од ООУ„Видое Подгорец“' Струмица.

Искуство сподели и друг ученик, кој смета дека ако биде забележано врсничко насилство во училиштата, лицето кое се однесувало насилно треба да биде избркано. „Јас не сум доживеал булинг, но во моето училиште речиси секој ден се случува. Мислам дека децата кои го прават тоа треба да се исклучени од училиштето. Не е убаво чувството. Кога тоа им го прават на други деца, тоа е исто како мене да ми го прават. Треба да бидат суспендирани  децата кои се насилни“, вели Андреј Пецуровски ученик во СУ „Никола Карев“ – Струмица.

Емоциите и однесувањето се тесно поврзани, но често децата кои трпат врсничко насилство, тоа не го покажуваат и не го пријавуваат. Во такви ситуации, истакнуваат психолозите,  жртвата најчесто ја апсорбира траумата во себе и тоа им остава огромни последици за цел живот.

„Кога некој е жртва на насилство, тоа остава последици. Тоа е траума која се случила. Таа остава последици како посттрауматско стресно растројство, придружено со анксиозна состојба, кај некого може да развие депресивна симптоматологија. Може да дојде до социјална интроверзија, детето да се повлече, да остане само, да не се дружи со други луѓе“, вели психологот Розита Андонова.

Искуствата покажуваат дека ниското ниво на сензибилизираност на стручните служби и на воспитно – образовниот кадар во училиштата, но и на другите релевантни институции кои се должни да постапуваат и да ги заштитат младите изложени на булинг, предизвикуваат чувство на беспомошност, недоверба, и ги обесхрабруваат жртвите и нивните семјства да го пријават врсничкото насилство. Дополнително, кај жртвите на ‘булингот’ присутен е и стравот од  јавна осуда, етикетирањето и изложеноста на двојна виктимизација.

Недоволната едукација на младите за препознавање и превенција од овој вид насилство, како и нивната недоверба во институциите  на системот, придонесуваат овој проблем да зазема се поголеми размери. Најчести жртви на „булинг“ се младите девојки. За вакви случаи нема пријави во СВР Струмица. Многу жртви се одлучуваат и да молчат од страв. Работилниците како оваа, се начин како сето ова да се спречи.

Организацијата на жени од Струмица планира да ги анкетира младите за да утврди дали и колку е присутно врсничкото насилство во струмичките училишта, да ги детектира причините за неговото непријавување, како и да ги согледа потребите и препораките на младите лица за превенирање и намалување на оваа негативна појава.

Работилницата "Биди кул - кажи му НЕ на врсничкото насилство" е реализирана во рамки на акцијата "Активни млади за живот без насилство", поддржана од НВО Инфоцентар, преку проектот "Здружени за активно граѓанство", финансиран од Европската Унија.

 

Автор: Кристијан Ландов

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања