ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Пресечен меѓународен канал за транспорт на наркотична дрога, запленети околу 40 кг марихуана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
IMG-a07030995321e13fe7e26c8b05b213da-V

На 21.01.2021 Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во содејство со Одделот за специјални полициски операции, пресече меѓународен канал за транспорт на наркотична дрога марихуана, која од Косово била транспортирана на територијата на Република Северна Македонија.

— реклама —

Притоа, на бул.„Јадранска магистрала“, на влезот во Скопје било запрено патничко возило „шкода фабија“, управувано од А.М.(42) од Скопје. При извршениот преглед на возилото, во багажникот се пронајдени две големи вреќи со марихуана, во вкупно количество од околу 40 килограми, со пазарна вредност од над 100.000 евра.

— реклама —

А.М. е лишен од слобода и спроведен во полициска станица за понатамошна постапка,при што во текот на денот ќе биде предаден со кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје. Инаку, А.М. е познат сторител на кривични дела, осудуван и издржувал затворска казна, а во 2017 во Р.Србија е лишен од слобода при транспорт на поголема количина хероин.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања