Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

(ВИДЕО) Претрес во тетовска Шипковица, пронајдена поголема количина оружје и муниција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
8

Денеска (19.01.2023) од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Тетово, на улица "Полог", лишен е од слобода У.М.(34) од тетовска Шипковица.

При преглед на патничко возило "опел астра" со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена една автоматска пушка и 50 куршуми "Лугер" калибар 9 мм. При претрес, извршен со наредба од Судија на претходна постапка од Основен суд Тетово, во неговиот дом се пронајдени 237 куршуми калибар 9мм, поголема количина на муниција од различен калибар, пиштол "Црвена застава" 7.62 мм со рамка со куршуми, пиштол "Глок 17" со рамка со куршуми калибар 9 мм, гасен пиштол, еден топовски удар, една полоавтоматска пушка "Кхан Армс" со 5 патрони.

— реклама —

Од страна на СВР Тетово во текот на утрешниот ден до надлезното Основно јавно обвинителство Тетово ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања