Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

(ВИДЕО) Претседателот помагаше во подготовка на хуманитарни пакети наменети за граѓаните кои се најмногу погодени од епидемијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Foto-2-1

Денеска во Канцеларијата на претседателот – „Млади Хаб“ беа подготвени и испорачани првите пакети наменети за граѓаните кои се најмногу погодени од епидемијата на коронавирусот, со што започна проектот „Волонтираме за солидарно општество“.

— реклама —

Кабинетот на претседателот на Република Северна  Македонија упати  јавен повик до сите кои можат да се вклучат со свој придонес, со цел во овие тешки денови да помогнеме, секој во рамки на нашите можности, на оние кои најмногу им треба нашата поддршка.

За реализација на оваа иницијатива, Кабинетот ќе соработува со неколку партнери:

— реклама —

– Црвен крст на Република Северна Македонија;

– Иницијативата #РетвитниОброк, со фокус на гладни и бездомници;

– „Љубезност“ – здружение на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци;

— реклама —

– Здружение за хумано-општествен развој – Проект „Среќа“, со фокус на децата;

– „Храна за сите – Банка за храна“, со фокус на собирање земјоделски, земјоделско-индустриски и трговски производи и дистрибуција до социјално загрозените граѓани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања