Принцот Хари мислел дека разговара телефонски со Грета Тунберг, па ја отворил душата околу „Мегзит“, зборувал за Доналд Трамп и за светските лидери. За жал, тој добил телефонски повик и бил измамен од двајцата најпознати руски шегаџии кои ја објавија содржината на интервјуто, пренесува The Sun.
Пранкерите Владимир Кузњецов и Алексеј Столиаров, коишто се нарекуваат Вован и Лексус, тврдат дека двапати разговарале со Хари преку фиксна линија во неговиот дом на островот Ванкувер, Канада. Тој бил уверен дека од друга страна на линијата е 17-годишната активистка Грета Тунберг и нејзиниот татко. Интервјуата се одвивале на 14 и на 22 јануари. Еден од разговорите бил објавен во понеделникот вечерта на „Јутјуб“ и „Фејсбук“, но сега веќе не е достапен.