Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

(ВИДЕО) Приоритети во предизбормната програма на ГДУ се реформите во администрација и промената на политичкиот систем

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Слајдер
kolev

Во нашата предизборна програма се обидовме да зборуваме за клучните прашања во општеството, посочувајќи ги како столбови и приоритети. На прво место реформа во политичкиот систем, рационализиција на администрацијата, реформи во здравството, реформи во економијата и образованието како основни столбови во општеството, истакна во интервју за Скопје 1, претседателот на ГДУ Петар Колев.

„Затоа ГДУ се залага за намалување на бројот на пратениците во Собранието на РМ на 90 по моделот на Словенија, во првата етпа од првиот мандат, а во вториот мандат нашите размислувања се дека македонскиот парламент може да функционира и со 61 пратеник“, истакна Колев.

— реклама —

Собранието е една гласачка машина која се докажа дека е премногу скапа за граѓаните на Р. Македонија. Над 7 милиони евра се трошат за бруто плата за пратенците, а со половина од овие средства би може да се изгради едно современо училште по германски модел во кое би се образовале над 800 ученици. Затоа ние зборуваме за основните приоритети како што се образованието или здравството.

— реклама —

„Кога размислуваме за промена на политичкиот систем, за ова година македонското собрание година има буџет од 10 милиони евра. Со половина од овие средства може да се развие охридската , битолската болница или било која друга болница како основен приоритет во општеството, а тоа е здравјето на граѓаните. Затоа ние размислуваме за реформа и во извршната власт со цел рационализација и ефектуирање на работата на администрацијата. Ние од ГДУ веруваме во мала, но ефикасна администрација“.

— реклама —

Предлагаме Влада со 15 министри во која нема да има можност за назначување министри без ресор. Ние сметаме дека купување на политички мир во земјава со назначување министри без ресор во Влада е крајно време да престане како пракса во нашата држава бидејќи граѓаните не се должни на луѓе кои реално немаат обврски и не работат ништо да им исплаќаат високи плати и привилегии. Треба да се стави крај на патните трошоци во оваа држава. Нашата агенда е да се намалат јавните трошоци за да останат средства за да се развиваат општествените јавни добра образованието и здравството, кажа Колев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања