Промени тема
Контакт

(Видео) Пристигна трејлерот за „Берлин и дамата со хермелин“ – најавена најголемата кражба досега

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Магазин
media-librarylqfv6rev63pbdSID1PK

Нетфликс го објави првиот трејлер за долгоочекуваниот спин-оф од универзумот на La Casa de Papel, со наслов Berlin i dama s hermelinom, кој ветува динамична и адреналинска приказна исполнета со акција, брзи автомобили, оружје и експлозии. Во 90-секундната најава, нараторскиот глас ја поставува сцената со зборовите дека Севиља е совршено место за инспирација на новата кражба.

— реклама —

Дејството на новата сезона, која ја продолжува приказната од светот на сериите „La Casa de Papel“ и „Berlin“, е сместено во Севиља, а главниот лик Берлин повторно се здружува со Дамијан за да собере екипа и да изведе мајсторска кражба. На површина, целта е познатата слика „Дамата со хермелин“, но тоа е само параван. Вистинската мета, како што открива трејлерот, се војводата од Малага и неговата сопруга, кои се обидуваат да го уценат Берлин, не знаејќи дека со тоа ја будат неговата најмрачна страна и незапирливата желба за одмазда. Во трејлерот јасно се најавува и обемот на потфатот, со пораката дека станува збор за „најголемата кражба во историјата“.

— реклама —

Објавата на трејлерот предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, каде обожавателите на Берлин и „La Casa de Papel“ со нетрпение го очекуваат продолжението и новата приказна за еден од најхаризматичните ликови во франшизата.

Во главните улоги повторно се појавуваат Педро Алонсо, Мишел Џенер, Тристан Уљоа, Бегоња Варгас, Хулио Пења Фернандес и Хоел Санчез. На актерската екипа ѝ се приклучуваат и нови имиња, меѓу кои Инма Куеста, која ја толкува Кандела – нова членка на бандата што ќе го освои срцето на Берлин, како и Хосе Луис Гарсија-Перес и Марта Нието, кои ги играат војводата и војвотката од Малага.

— реклама —

Новата сезона, составена од осум епизоди, ќе има премиера на Netflix на 15 мај. Серијата е создадена од Алекс Пина и Естер Мартинез Лобато, а сценариото го потпишуваат заедно со Давид Барокал, Лорена Г. Малдонадо, Ициар Санхуан, Умберто Ортега и Луис Гаридо Хулвео. Режијата ја потпишуваат Алберт Пинто, Давид Барокал и Хосе Мануел Кравиото, додека продукцијата е во рацете на компанијата Vancouver Media, позната по глобалните хитови од истиот серијал.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

metju-peri-960x639-1

„Нетфликс“ подготвува документарец за Метју Пери: за првпат ќе бидат откриени детали од неговиот живот

Филм | пред 1 месец

— реклама —
media-librarykiumsjo60c1c74VjKCR

Нетфликс за враќањето на Меган Маркл: „Сите опции се отворени“

Филм | пред 1 месец

netfliks-960x522-1

Документарецот за Чарлс Менсон е хит на „Нетфликс“, но публиката смета дека е непотребен

Филм | пред 1 месец

netfliks-960x522-1

Тајра Бенкс го тужи Нетфликс: „Создадоа лажен и клеветнички наратив за мене“

Магазин | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања