„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Пристигнаа српските локомотиви, веднаш ќе бидат ставени на располагање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_6793

Четирите најавени локомотиви од “Србија Карго” пристигнаа во Македонија и веднаш ќе бидат ставени на располагање и во функција на “Македонски железници”, објави Иван Стоилковиќ, заменик премиерот од Демократската партија на Србите во Македонија.

— реклама —

,,Четирите најавени локомотиви од “Србија Карго” пристигнаа во Македонија и веднаш ќе бидат ставени на располагање и во функција на “Македонски железници”. Да потсетам, станува збор за четири локомотиви за товарен сообраќај што ќе бидат од суштествено значење за непречено фунционирање на товарниот сообраќај низ Македонија, преку Србија, до земјите од Европската Унија.

Договорената соработка е од големо значење не само за двете железнички компании туку и за севкупната регионална соработка по коридорот 10 која не само што ќе го зголеми капацитетот на транзитниот сообраќај, туку и приходите, во пресрет на се поголемата побарувачка на теретниот транспорт.

— реклама —

Пофалба за директорот на МЖ транспорт Дејан Кошутиќ за брзото спроведување на постапката и на надлежниот министер Александар Николовски кој со своето несебично залагање и труд обезбеди внатрешна логистика на процесот, мое беше само да обезбедам комуникација помеѓу компаниите и политичка поддршка од српската Влада локомотивите што побрзо да стигнат и да се стават во функција. Тимската работа секогаш носи добри резултати. Благодарност до српската Влада за покажаното разбирање и брзата реакција во решавањето на проблемот со кој се соочувавме. За ликвидноста на Македонски Железници и сочуваните работни места со реализација на овој проект во некој друга прилика.", напиша Стоилковиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања