„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) „Пристрасни се, фалсификуваа телефонска анализа“ - Палевски пак со обид да се изземат обвинителите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
palevski-68

Љупчо Палевски-Палчо, обвинет за убиствата на Вања и Панче, повторно бара изземање на обвинителите. Ги обвинува за фалсификување на докази. На стартот од денешното рочиште за предметот во кој треба да се утврди кој и што сторил при двете грабнувања и убиства, Палевски поднесе барање обвинителтие Жаклина Крстевска Јосифовска, Ана Стојковиќ Димитриевска и Гаврил Бубевски да бидат заменети со друг обвинител кој ќе го гони.

— реклама —

„Барам изземање на тројца јавни обвинители поединечно согласно член 33, став 2 за пристрасност, но му укажувам на судот дека има друга околност, повторно злоупотреба на јавно обвинителски овластувања. Се бара изземање на Жаклина Крстевкска Јосифовска, Ана Стојковиќ Димитриевска и Гаврил Бубевски кој за минатото барање одлучуваше сам за себе дали ќе биде изземен“. Да се одлучува по закон“, рече Палевски.

Тој и на ова рочиште ги обвини обвинителите дека правеле фалсификување на телефонската анализа.

— реклама —

„Анализата е правена во мај 2024 година, но не предвиделе дека по мојата екстрадција, ќе го отклучам мојот телефон „ајфон 13“ за да биде вештачен, од Форензика, од кое вештачење ви го приложувам доказот број 5, а тоа е ‘екстрашен репорт’ комуникација со Зоран Китевски - во периодот во 12 часот кога според сведокот возам кон Бутел. Тука гледате пет пораки, линк за да се вклучи Зоран во поткаст кој се снима тоа време“, рече Палевски.

Ова не е првпат, Палевски да бара иззмеање на обвинителите. Претходните барања му беа одбиени.

Судењето е во тек.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања