„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Приведен маж од Булачани, пронајдена лабораторија за производство на марихуана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
labaratorija-1

Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје  на 02.03.2020, по претходно добиени  оперативни сознанија, во близина на последната автобуска постојка во Хиподром , изврши легитимирање и личен преглед на лицето А. М. (27) од  с.Булачани. При претресот кај лицето пронајдена е една кеса во која имало две полиетиленски кеси со марихуана и  една дигитална вага.

— реклама —

По обезбедена судска наредба, извршен е претрес во домот во с.Булачани  каде што е пронајдена лабораторија  за производство на марихуана, во која се пронајдени 69 садници високо квалитетна марихуана – (сканк) , како и техничка опрема составена од греачи , грејни сијалици, пумпа за вода, филтер и систем за вентилација, три поголеми најлонски кеси со марихуана спремна за продажба, четири пластични шишиња со кафеава течност –масло произведено од марихуаната. А.М. е лишен од слобода во полициска станица  за понатамошни мерки, а за настанот е известен дежурен Јавен обвинител.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања