(ВИДЕО) Приведени 16 лица поради дрога

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
20230403115116

МВР излезе со детали за вчерашната голема акција. Конечната бројка на приведени што од Полицијата ја соопштија е 16 лица.

— реклама —

„Во текот на вчерашниот ден (02.04.2023) на подрачје на Скопје, по претходно добиени оперативни сознанија, полициски службеници од СВР Скопје и Одделот за криминалистичка полиција во координација со ОЈО Скопје по добиени судски наредби, извршија претреси на дом и други простории на 19 локации при што приведени се 16 лица, поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, а од нив пет лица се приведени во врска и со сознанија за друго кривично дело. При претресите пронајдена е поголема сума на пари кои потекнуваат од продажба на дрога, податоци за лица на кои им била продавана дрога…

— реклама —

По документирање на случаите лицата ќе бидат предадени на надлежното обвинителство“, се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

eVrUujj_4rU

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања