Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(Видео) Приведени странски државјанки, пронајдена марихуана, неиздавање фискални сметки, акциска контрола во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

— реклама —

Вчера во 01 часот, согласно претходно изготвен оперативен план за контрола на угостителски објекти, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Управата за јавни приходи, Државниот инспекторат за труд и Државниот пазарен инспекторат беше извршена акциска контрола во угостителски објект во Охрид, извести МВР.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

[embed]

sHeEQXptEmY[/embed]

– При контролата кај едно лице е пронајдена марихуана, а затекнати се и 17 странски државјанки од кои четири престојувале спротивно на законите во државата (две од Русија со пречекорен престој, една од Србија со пречекорен престој и една државјанка на Србија со активна забрана за влез во државата). Лицата се приведени и надлежен судија во Основен суд Охрид изрекол парични казни и мерка протерување, соопшти МВР.

Од страна на УЈП е констатирано неиздавање на фискални сметки и утврден е вишок од 80.000 денари, пари кои не биле евидентирани, за што ќе следуваат соодветни санкции. Од страна на Државниот инспекторат за труд затекнато е лице кое извршувало работни активности, а не било пријавено, за што ќе следува соодветна пријава.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат констатирано е кршење на забраната за пушење во угостителскиот објект, за што се изречени соодветни санкции, се додава во соопштението на МВР.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања