Камера поставена на приватен објект го снимила инцидентот помеѓу градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и лицето за кое таа тврди дека ја нападнало.
Снимката протече во јавност откако таа тврдеше дека полицијата не интервенирала. Од видеото, се гледа како едно лице се доближува кон другото, по што, добива клоца. Насловот на видеото е „Данела Арсовска прва започнува напад“.
Според снимката по клоцата која ја доби машкото лице, дотрчува полициски службеник, кој го трга удреното лице настрана. Почнува друга снимка, направена од уред.
„Што ме удираш бе, кого удираш“, вика женски глас, а на снимката се гледа како полицајци го тргаат лицето кое беше удрено.
[caption id="attachment_342759" align="alignnone" width="1920"]
Десно: Арсовска и Ирена Витина по инцидентот - лево принтскрин од настанот и лицето кое удира клоца[/caption]
Од удрениот се слуша како извикува пцовки.
„Кучко, о се да ти **ам“, вика удрениот додека полицијата го држи за раце и го трга на страна, а другото лице му се доближува.