Промени тема
Контакт

(ВИДЕО) Првата македонска игра на Nintendo Switch и Xbox One

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
21768229_2023641844535704_7970060343535694264_n

Прва комерцијална игра “Odium to the Core” на Dark-1, независно македонско студио за видео игри наскоро ќе биде издадена на Nintendo Switch (25. декември) и Xbox One (26. декември) конзолите.

“Ова е прва игра развиена од македонско студио која ќе биде достапна на овие платформи. Издавач за Nintendo Switch верзијата од играта е Qubic Games SA“, велат од Dark-1.

Во моментов може да се направи пред-нарачка на Nintendo Switch на линкот.

— реклама —

„“Odium to the Core” е предизвикувачка игра базирана на музика која се игра со едно копче, со темен монохроматски стил. Води го Одиум низ опасни и интензивни нивоа водени од музиката да се бориш и да ја спречиш корупцијата која се шири. Стигни до јадрото и спаси го светот!“, велат од Dark-1.

— реклама —

“Држи рамнотежа да ги избегнеш стапиците, непријателите и движи се низ тесни премини. Порази ги предизвикувачките чудовишта и откриј ја приказната зад корупцијата на светот на Одиум„, велат од Dark-1.

Dark-1 е независно македонско студио за видео игри, кое својата прва игра “Odium to the Core” за прв пат ја издава на 11 мај 2018 година за Steam, iOS и Android платформите.

— реклама —

Играта нуди:

  • Контрола со едно копче: Механиките на играта се екстремно едноставни. Држи за да се движиш нагоре, пушти да одиш надолу. Контролите се лесни за учење, тешки за владеење.

  • Базирана на музика: Оригинална музика направена специјално за секое ниво. Почуствувај го миксот на D&B и Jungle музиката кој тресе во позадина

  • 15 предизвикувачки нивоа: Избегни замки, непријатели и соочи се со опасните чудовишта во игра со брзо темпо.

  • Кошмар: Обиди се да ги поминеш сите нивоа без зачувување. Повеќе замки демнеат низ екстремно тесните премини.

  • Уникатен монохроматски стил: Уживај во глетките на убавиот но темен свет на Одиум и откриј ја приказната кажана низ кратки анимирани видео инсерти.

  • Откриј ги тајните: Пронајди ги тајните за да отклучиш опции за модификации на ликот.

  • Бескрајно: Тестирај ги своите вештини во бескрајно, процедурално генерирано ниво.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања