Први снимки од безбедносните камери протекоа во јавност. „Порталикс“ успеал да ги добие снимките од камери поставени на приватен објект, кои покажуваат како поминува прво возилото „рено канго“, а потоа и украдениот „цитроен“.
Според порталот, во возилото има две лица со црни капи. Возилото на оваа улица која е многу фреквентна, минало во 7-55. За да не застане, иако камион вози во рикверц, „цитроенот“ скршнува и продолжува по патот.
Исто така, според порталот, возилото е запалено во 9-37 минути.