Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) „Прво паднаа Филипче и Заев, па потоа Вучиќ, а на приватни забави им пее истиот пејач“, вели Манасиевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryai51mq2hl15b0Wo5OY9

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната вонредна прес-конференција упати критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го за блиски врски со српскиот претседател Александар Вучиќ и поранешниот премиер Зоран Заев.

— реклама —

Манасиевски тврдеше дека Филипче и Заев претходно соработувале со Вучиќ и посочи дека тројцата, како и претседателката на српското собрание, Ана Брнабиќ, присуствувале на приватни забави на кои настапувал пејачот Харис Џиновиќ.

— реклама —

Тој ги отфрли обвинувањата што, според него, Филипче ги упатува кон Вучиќ, оценувајќи дека тие не можат да ги избришат претходните политички врски. Манасиевски спомена и други наводни поврзаности меѓу Филипче, Заев и Вучиќ, вклучително и кадровски решенија и соработки за кои, како што рече, допрва ќе се дознава.

Осврнувајќи се на политичките резултати на СДСМ, Манасиевски направи споредба со партии од Унгарија и Србија, за кои тврдеше дека се блиски до СДСМ. Тој рече дека партијата на последните предвремени локални избори во Брвеница и Куманово била на четвртото место, а во Скопје на петтото.

— реклама —

Според Манасиевски, СДСМ избегнува да бара предвремени парламентарни избори и покрај тоа што е во опозиција. Тој го повика Филипче да се занимава со состојбите во сопствената партија, наместо, како што рече, да се обидува да ја извртува реалноста со обвинувања кон други политичари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6tlq4h51c3iraa3I2Nk

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryhqbrifh1kovm3eeW9xt

(Видео) „СДС и Филипче како адвокати во одбрана на Михаилова, повторно против Македонија“, вели Манасиевски

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryoap4egsek3eg1UKgIMF

(Видео) Манасиевски: Првичниот план за лекување во Бугарија на Ива Михаилова бил на Филипче и Заев, за да му се оддолжат на Радев?

Македонија | пред 1 седмица

media-librarysa2pb6lc2dio9BToxsW

(Видео) Манасиевски: Амар е против ревитализација на Скопското кале, ама не беше против кога нивни кадри ги предводеа градските институции и делеа сомнителни тендери на фирми од Мала Речица

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања